Најмалку 15 загинати при експлозија пред стадион во Авганистан
Најмалку 15 лица загинаа, а околу 40 други се ранети денеска при експлозија на автомобил бомба пред стадион во градот Лашкар Га во авганистанската покраина Хелманд.
Претставникот на локалната здравствана служба Амунулах Абед соопшти дека бомбашкиот напад бил извршен во момент кога голем број лица го напуштале стадионот, каде писуствувале на прослава по повод авганистанската Нова година.
Засега никој не презеде одговорност за нападот, но за слични терористички акти во изминатиов период одговорност по правило преземаа талибанците или џихадистичката група Исламска држава (ИД).