Најмалку тројца загинати при нападот во Утрехт

Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен изјави дека во нападот загинале три лица.

Претходно, холандската полиција соопшти дека главен осомничен за нападот е 37-годишниот Турчин, Ѓукман Танис, но не е исклучена можноста дека пукале неколку лица.

Полицијата исто така соопшти дека најверојатно станува збор за терористички напад.

Напаѓачот се уште не е уапсен. Припадници на антитерористичката единица опколија една зграда под претпоставка дека таму се крие напаѓачот.

Неколку часа по пукањето во трамвајот во Утрехт се слушнаа истрели на повеќе локации, како и во близина на џамијата.

Поради нападот во Утрехт затворени се муслиманските храмови, но и универзитетите и училиштата во другите холандски градови.