Најдобриот фустан на црвениот килим го носеше водителот

Најкоментираниот фустан од вчерашниот црвен килим пред почетокот на доделувањето на Оскарите, го носеше водителот Били Портер. Кога тој се појави на црвениот килим, многумина модни критичари рекоа: „После ова, парадирањето може да заврши“.

Црниот фустан – костим е дизајниран од младиот Кристиано Сириано. тој имаше подготвено уште неколку фустани за актерките Кели Рипа, Октавија Спенсер, како и Даниел Мекдоналд чиј фустан беше целосно направен од еколошки материјали.