Најдено мртвото тело на новороденчето на тинејџерката од струмичко

Мртвото тело на новороденчето на 19-годишната девојка што се породи дома во струмичко е најдено, соопшти полицијата и дадено е на обдукција.
Во врска со случајот објавен во вчерашниот извадок од дневни настани во кој известивме дека на во неделата околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и по извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување, ве известуваме дека е направен увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител и пронајдено е починато тело на новороденче, велат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција. Земени се примероци од крв за анализа од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска. По насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.