Натали Портман побара забрана за приоѓање за маж кој тврди дека телепатски се поврзани

Актерката Натали Портман мораше да го пријави мажот кој ја следи и дури се појавува во нејзината куќа со тврдење дека тие двајца се телепатски поврзани.
Идентитетот на мажот е непознат, а таа побара забрана за приоѓање.
Мажот себеси се нарече  “John Wick”, а според информациите кои ги пренесуваат странските медиуми, ѕвонел неколкупати на вратата на актерката и не одговарал кога од другата страна на интерфонот ќе прашале кој е.
Тој на полицијата ѝ рекол дека со Натали неколку пати разговарал телепатски и дека поради тие разговори дошол вод Колорадо во Лос Анџелес, за да ја запознае. Мажот потоа е пратен на психолошки преглед и забранет му е приод до актерката.
Во текот на истрагата ја покажа својата лична кара и го откри својот идентитет, но на сите прашања одговори дури откако ќе му се обрателе со името Џон.
Сепак, дури и тогаш одговорите му биле куси и спори.