Настап на Влатко Стефановски на патрониот празник на општина Илинден

Под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“ вечер во општина Илинден ќе бидат одбележани патрониот празник на општината – „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ. Одбележувањето на Денот на општината ќе биде збогатено со настап на Влатко Стефановски Трио.

-Жителите на општина Илинден ќе имаат можност да уживаат во звуците на музиката на македонската музичка легенда, Влатко Стефановски, кој ќе се претстави со повеќе преработени традиционални изворни македонски песни, потоа со дел од неговите евергрини, за настапот да го заокружи со промоција на нумери од својот најнов албум, велат од општина Илинден.

Гитарскиот виртуоз  вчера на прес-конференција го најави  концертот на 1 август во Античкиот театар, во 22 часот, во организација на „Баги комуникации“.

По огромниот успех и продадените три концерти во Македонската Филхармонија во март годинава, најновиот проект на Стефановски, албумот „Мајчин Јазик“ ќе го слушне и охридската и публиката од регионот. Во Охрид ќе настапи со гостите Биља Крстиќ од Србија, Теодоси Спасов од Бугарија, Танос Ставридис од Грција, оперската певица Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија.