НАСА објави фотографии од санта мраз со совршена правоаголна форма

НАСА објави фотографии од огромна ледена плоча на Антарктикот со совршен геометриски правоаголен облик.

Се работи за совршено четириаголно парче мраз, долго околу еден километар, кое научниците го нарекоа „брег табла“. Вакви совршени рабови и агли од 90 степени ретко се гледаат во природата, коментира списанието „Сајенс Алерт“.

Ледената плоча се наоѓа на источниот брег, во близина на гребенот Ларсен.