НАСА бара од Русија да ја модификува ракетата „Сојуз“ за да може да стигне до Месечината

Русија ќе создаде верзија на вселенското летало „Сојуз“ за летовите до Месечината како резервен транспортен систем.

Димитри Рогозин, шефот на руската вселенска агенција „Рокосмос“, рече дека такво барање стигнало од НАСА, но американската вселенска агенција нема да го финансира проектот.

За „Сојуз“ да лета до Месечината, потребни се нови забрзувачи и топлинска заштита за да му се овозможи на вселенското летало да се врати во Земјината атмосфера.