Наполи нуди 45 милиони евра за Бензема

Екипата на Наполи подготвува понуда од 45 милиони евра за напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, објави „Кориере дело Спорт“.

Францускиот напаѓач е еден од главните трансфер цели на тренерот на Наполи, Карло Анчелоти.

Триесет годишниот напаѓач има договор со Реал Мадрид до летото 2021 година.

Во последната сезона тој постигна 12 гола и направи 11 асистенции во 47 натпревари за „кралевите“.

Веројатно новиот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопеги, нема ништо против продажбата на Бензема и привлекување на нов централен напаѓач.