Напаѓачот од Нов Зеланд повикува на ликвидација на Меркел и Ердоган

Брентон Тарант кој изврши вооружен напад во џамии на Нов Зеланд, во својот манифест повикува на убиство на политичарите кои се „непријатели на европските земји“, а на врвот на неговата листа е германската канцеларка Ангела Меркел.
Покрај Меркел, на неговата листа се наоѓа и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, како и градоначалникот на Лондон, Садик Кан.
„Убијте ја Меркел, убијте го Ердоган, убијте го Садик Кан“, порачал Тарант кој за Меркел напишал дека е „мајка на сите анти-бели и анти-мигрантски работи на светот“ и ја обвини дека „расно ја исчистила Европа од вистинските Европејци“.
Транат за Ердоган вели дека е лидер на „најголемата исламска група во Европа, а според него, потребна е елиминација на турскиот претседател „за да се елиминира главниот непријател на Русија“.
Градоначалникот на Лондон кој е од муслиманска вероисповед, смета дека е „пакистански муслимански освојувач“, затоа што наводно сакал „етнички да го замени британскиот народ во Обединетото Кралство“.
Врз основа на неговиот манифест, може да се заклучи дека своите идеи ги заснова на идеологијата за надмоќ на белата раса, а исто така го поддржува и еко-фашизмот. Како што пренесува руската новинска агенција „Спутник“, тоа е радикална идеологија која ги спојува фашизмот и екологијата.