Напад со нож во училиште во Осло, четворица повредени

Непознато лице со нож денеска влегло во училиште во Осло и повредило четири вработени, меѓу кои и еден наставник.

Полицијата веднаш го уапси напаѓачот.

Четири лица се здобиле со полесни повреди и биле префрлени в болница, соопшти полицијата.

Засега не е познат мотивот за нападот.