Напад во Осло: Со нож повредени учител и вработени во училиште

Напаѓач повреди учител и тројца вработени во училиште во норвешкиот главен град Осло, соопшти полицијата.
Напаѓачот е совладан, а мотивот сѐ уште не е познат, додаваат од полицијата, јави Inddependent.
Четирите жртви, сите вработени во училиштето „Бринсенг“, во источниот дел од градот, се пренесени во болница со помали повреди.
Свен Кристијан Лие, од полицијата во Осло, вели дека истрагата е во тек, а полицајци разговараат со очевидци.
Полицијата била известена за нападот во 8.30 часот, по локално време, во вторник и пристигнала на местото на настанот за помалку од 10 минути.
Од училиштето не го коментираат настанот.