Нападнат полицаец во Ѓорче Петров

Скопјанецот С.Р.(27) во скопската населба Ѓорче Петров синоќа нападнал полицаец кој сакал да го легитимира.

Како што соопшти МВР, синоќа во 22:55 часот на улицата „Новопроектирана“ во населбата Ѓорче Петров, по претходна пријавена поплака против С.Р., полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров побарале тој да се легитимира.

С.Р. одбил да се легитимира и нападнал еден од полициските службеници, по што е приведен во полициска станица.