Нападнат новинар на РТВ Ваљево

Новинарот на Радио телевизија Ваљево, Марко Аќимовиќ (33) е нападнат пред Градското собрание на тој град. 

Неколку непознати лица му задале повеќе удари на новинарот.

Поради нападот врз новинарот пред Градското собрание се одржува собир со барање за оставка на градоначалникот на Ваљево.

Од полицијата соопштија дека во тек е истрага за инцидентот.