Нападнат малолетник во Миладиновци

Шеснаесетгодишен малолетник е повреден синоќа во тепачка меѓу две групи малолетни лица што се случила во скопското село Миладиновци, кај игралиштето за мал фудбал.

Како што информира МВР, малолетникот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му била констатирана тешка телесна повреда.

Случајот бил пријавен во полиција и се преземаат мерки за негово расчистување.