Нападната воена парада во Иран, 8 загинати


Најмалку 8 војници загинаа, а дваесетина се повредени во напад на неидентификувани напаѓачи за време на воената парада во градот Ахваз во југозападниот дел на Иран, објави државната телевизија.

Државната телевизија објави дека е нападната трибината со официјални лица кои се собрале за да ја следат редовната годишна воена парада со која се одбележува почетокот на ирачко-иранската војна.

Иран денес оддржува неколку воени паради, вклучително и во главниот град Техеран и во пристанишниот град Бандар Абас.

„Огнот го отворија неколку вооружени мажи кои се наоѓале позади трибината за време на парадата. Неколку луѓе се убиени, а повеќе се повредени“, објави телевизијата. Локалните медиуми објавија дека пукањето продолжило откако напаѓачите се обиделе да избегаат.