Нант во финалето, Лазаров во историјата

Екипата на Нант е првиот финалист во ракометната Лига на шампиони откако попладнево го надигра богатиот ПСЖ со 32-28 (17-14). „Канаринците“ водеа во текот на целиот меч и за првпат во својата историја ќе играат за титулата во Келн. Најефикасен во нивните редови, но и воопшто на теренот беше нашиот Кире Лазаров, кој постигна осум гола, од кои седум од пенал. Со вкупно 59 гола постигнати на завршните турнири, тој стана најефикасен во историјата на Фајнлфор турнирите. Од 18 часот, во второто полуфинале ќе играат европскиот шампион Вардар и Монпеље.