Над 20 студенти загинаа во Непал

Најмалку 21 лице загина, а 15 се повредени кога автобус со студенти и инструктори слета од автопат во планинска област во Непал.

Автобусот слетал низ падината и се превртувал околу 500 метри, соопшти полицијата.

Студентите се враќале од Политехничкиот институт Кришна Сен Ичук, каде што имале пракса на блиската фарма.

Како што пренесуваат локалните медиуми, спасувањето се одвива во тешки услови, бидејќи несреќата се случи во запуштена област, на околу 450 километри од Катманду, а деловите од автобусот се расфрлани.