Надал: Ѓоковиќ докажа дека е најтежок ривал во тенисот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, во интервју за „Национал“ призна дека Новак Ѓоковиќ е „најдобриот и најтежок противник“ што може да го има еден тенисер.

– Новак докажа дека може да биде најдобриот и најтешкиот ривал. Многу тешко да се игра против него. Ѓоковиќ е играч кој ги покрива сите агли на теренот. Дефинитивно, тој е еден од најголемите ривали кои може да ги имате во тенисот, призна Рафа.

Некогаш најдобриот тенисер во светот зборуваше и за моменталната физичка состојба и за проблемите кои ги имаше.

– Тренирам, се подготвувам за почетокот на сезоната. Во овој момент се чувствувам добро. Верувам дека и покрај повредата, имав добра сезона, рече Шпанецот кој триумфираше оваа година на „Ролан Гарос“, и на турнирите во Монте Карло, Барселона, Рим и Торонто.