Надал: Сум бил во ситуацијата во која е Ѓоковиќ

Актуелниот најдобар тенисер на светот Рафаел Надал изјави дека во целост ја разбира ситуацијата во која се наоѓа Новак Ѓоковиќ, бидејќи повеќепати и самиот се соочувал со тоа.

Најдобриот српски тенисер сезонава на терените се врати по тешка повреда и операција на лактот, а по неубедливиот почеток повторно игра со самодоверба и во врвна форма.

Ѓоковиќ го победи Надал во полуфиналето на Вимблдон, а на турнирот ја освои и првата Гренд слем титула по две години. Потоа српскиот тенисер во финалето во Синсинати го совлада Рожер Федерер и првпат во кариерата ја освои титулата на овој мастерс.

– Сум бил повеќепати во таква ситуација. Знам како одат нештата. Се што ви е потребно е да сте здрави. Не заборавате да играте тенис, туку само треба да бидете мотивирани. Секој се сомнева и тоа е нормално, тоа е дел од спортот и животот. Сомнежите се добри, бидејќи ако ги немате значи дека сте арогантни, истакна шпанскиот тренисер.

Надал и Ѓоковиќ се фаворити за Ју-Ес опен. Турнирот почнува на 27 август, а трофејот го брани токму шпанскиот тенисер.