Мјанмар обвинет за етничко чистење на Рохинџите

Петчлена делегација на американскиот Конгрес го посети Мјанмар при што членот на делегацијата Џеф Меркли денеска изјави дека е вознемирен од острите напади на мјанмарската армија за кои рече дека наликуваат на кампања за етничко чистење на муслиманската заедница Рохинџи.

Армијата на Мјанмар дејствува во областа Ракајн од август годинава, кога група Рохинџи герилци нападнаа армиски позиции. Се проценува дека над 600.000 Рохинџи биле протерани од земјата во нападите на мјанмарската армија од август до сега.

– Длабоко сме загрижени поради непропорционалниот одговор на армијата и на локалните групи против Рохинџите, изјави конгресменот Меркли, кој е член на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.

Некои американски конгресмени бараат санкции за Мјанмар доколку нападите врз Рохинџите не престанат веднаш.