Мурињо: Припаѓам на големиот фудбал, сè уште сум млад

Жозе Мурињо зборуваше за својата иднина, која ја очекува по напуштањето на Манчестер Јунајтед. Португалецот не пропушти да истакнедека тој припаѓа на големиот фудбал, а неговиот следен предизвик ќе биде во некој од големите европски клубови.

Педесет и пет годишниот стратег во моментов дејствува како фудбалски аналитичар на „БеинСпортс“, а токму пред медиумот зборуваше за неговата иднина.

– Сакам да продолжам да бидам тренер. Јас сум премногу млад, долго време сум во играта. Ќе имам 56 години за неколку недели. Јас сум навистина млад. Ќе останам таму каде што припаѓам – на највисоко ниво во фудбалот. Припаѓам на овој дел од спортот. Фудбалот е мојот живот. Ја знам играта добро и знам како да управувам со голем тим. Ќе почекам со мојот избор, бидејќи морам да ги разгледам можностите и нема да избрзувам, изјави Мурињо.