Мурињо: Повеќе од секогаш сакам да сум тренер

Португалецот Хозе Мурињо е невработен речиси три месеци. Тој беше отпуштен од Манчестер Јунајтед на крајот декември, а оттогаш се манифестира како телевизиски коментатор за „Беин Спортс“.

Тој за „Газета дело Спорт“ говореше за тоа дали останало во него мотивација да води фудбалски тим.

– Од 2003-та година наваму желбата ми е една и иста – да победувам. Но во последните 18 месеци го изгубив овој победнички ритам. Сега имам многу поголема желба од било кога да се вратам на чело на некој тим. Отсекогаш сум бил мотивиран, уште од првиот ден, изјави поранешниот менаџер на Бенфика, Унион де Леириа, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед за италијанското издание.

Со сите овие тимови, Специјалниот заработил вкупно 25 трофеи.