Мурињо: Не сум крив за грешките во одбраната

Веќе во второто коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед успеа да се избламира откако загуби од Брајтон со 3-2. „Црвените ѓаволи“ губеа со 2-0, па Лукаку намали, а во 95. минита Погбa од пенал го постави конечниот резултат. По мечот, Жозе Мурињо не беше баш најсреќен што мора да им одговара на новинарите. На прашањето дали во тимот нема доволно хемија, рече дека не му е јасно што точно сака да праша новинарката. На оценката дека примиле премногу смешни голови, одговори дека „не можам себеси да се кривам за тоа“.