Мурињо доби отказ од Манчестер јунајтед

Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед, објавено е на официјалниот твитер-профил на клубот.

– Би сакале да му се заблагодариме за неговата работа во Манчестер Јунајтед и да му посакаме успех во иднина, стои во пораката.

Претходно, британските медиуми објавија дека во случај на отпуштање на тренерот, клубот ќе мора да плати надомест од 24 милиони фунти.

На официјалниот сајт на „Црвените Ѓаволи“, е наведено дека клубот ќе назначи. тренер кој ќе ја финализира сегашната сезона. Неговото име се уште е непознато.

Јунајтед во моментот е на шестото место во шампионатот на Англија со 26 бода од 17 натпревари.

Под водство на 55-годишниот Мурињо, МЈ го освои Лига Купот, Суперкупот на Англија и Лига Европа.