Музејот на ВМРО нема да работи во понеделниците

НУ Музеј на македонската борба соопшти дека почнувајќи од јули секој понеделник ќе му биде неработен.

Досега оваа музејска установа работеше сите седум дена во неделата, а затворен беше само во првиот понеделник во месецот.

Работното време од вторник до недела ќе остане исто – од 10 до 18 часот.