Мугабе свика седница на владата

Хараре – Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, за утре свика средба на министрите во неговата канцеларија во Хараре, соопшти неговиот шеф на Кабинет.
Ова е прв министерски состанок, откако во средата војската ја презеде власта во Зимбабве.Владините седници вообичаено се одржуваат во зградата Манхуматепе во центарот на градот, но таа сега е опколена од вооружени војници и оклопни возила.

Мугабе со денови се соочува со притисок од страна на армијата и Емерсон Мнангагва, неговиот поранешен соработник и потпретседател, кого Мугабе се обиде да го разреши од функцијата. Тие бараат тој да поднесе оставка, а функционери од владејачката Африканска национална унија на Зимбабве – Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ) соопштија дека Мугабе се согласил да замине од функцијата.