МТВ музички награди: Карди Б со најмногу, 10 номинации

САД– Поп-ѕвездата Карди Б има 10 номинации за претстојните МТВ музички и видео награди што ќе се одржат во Радио Сити Хол во Њујорк на 20 август. Карди Б е номинирана во категориите за спот, песна и музичар на годината. „The Carters“ имаат осум номинации во категориите за спот, најдобра соработка и Хип-Хоп изведувач.

Меѓу номинираните се и Бруно Марс, Дрејк, Камила Кабело, Ед Ширан и Ариана Гранде.