Мртов маж пронајден во Гевгелија

Четириесет и едногодишен гевгеличанец утринава е пронајден мртов во близина на касарната во Гевгелија. Неговото безживотно тело било забележано од случаен минувач околу седум часот, по што била повикана полиција. Утврдено е дека станува збор за Б.Р. (41), кој имал повреда во пределот на главата. Засега не е познато дали се работи за убиство.