МОСТ: Гласањето се одвива во мирна атмосфера без инциденти

Граѓанската асоцијација МОСТ денеска соопшти дека досега гласањето се одвива во мирна атмосфера без инциденти.

МОСТ наведува дека според податоците добиени од програмата за паралелно сумирање на гласовите (ПВТ), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 10 часот е 5,2 отсто со маргина на грешка од +/- 0,2 отсто.

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на влезот на објектот во кој е сместено гласачкото место 2117 во село Јегуновце има напишано графит со навредлива содржина. Била повикана полиција и бил направен записник, наведува МОСТ.