„Москино“ достапен за народот: Џереми Скот ќе дизајнира за „ХиМ“

САД– Креативниот директор на „Москино“ Џереми Скот ќе дизајнира за шведската модна куќа „ХиМ“, а соработката ја соопшти топ-манекената Џиџи Хадид на фестивалот „Коачела“.

Досега куќата има соработувано со славни дизајнерски куќи како „Ланвин“, „Мезон Маргела“, „Кензо“, „Балман“ и „Ердем“ па така креациите на познатите дизајнери се најдоа во орманите на оние кои не можат да си приуштат висока мода.

Скот кој стана креативен директор во 2013- и ја врати старата слава на „Москино“. Познат е и по соработката со „Адидас“.