Москва гневна на протерувањето на дипломатите: Русија ги обвини САД за колосална уцена

Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги обвини САД за „колосална уцена“ и рече дека во модерната Европа останале само неколку независни држави.

Се смета дека протерувањето на 140 Руси од 25 земји е најголемо во досегашната историја. Лидерите на ЕУ се согласија со Велика Британија минатата седмица дека Русија стои зад труењето во Солсбери, јужна Англија, иако Русија негираше каква било вмешаност. Лавров рече дека неизбежно ќе има одговор на масовното протерување.

„Секако, нема да толерираме ваква дрскост“, рече тој издвојувајќи ги САД како највиновни.

„Кога еден или двајца дипломати се протерани од некоја земја додека се шепотат извинувања на нашето уво, ние сигурно знаеме дека ова е резултат на колосален притисок, колосална уцена, која, за жал, е главен инструмент на Вашингтон на меѓународен план во моментов“, рече тој.
„Тешко е да се избегне заклучокот дека сме биле во право кога повеќепати истакнувавме дека во модерниот свет, модерна Европа само неколку држави остануваат независни“.
Руското министерство за надворешни работи најави дека подготвува неколку можни одмазднички мерки кои ќе ги разгледува претседателот Владимир Путин. Рускиот сенатор Владимир Џабаров изјави дека ќе биде одговорено на одлуката на САД за протерување на 48 дипломати од руската амбасада во Вашингтон и уште 12 во ОН во Њујорк. Заменикот на Лавров, Сергеј Рjaбков, претходно изјави дека е потребен жесток одговор, но истакна дека Москва нема да ги напушти разговорите за стратегиската стабилност со Вашингтон.

Кој ги протерува дипломатите?

Ирска се најде меѓу земјите што ќе протераат руски дипломат, велејќи дека нападот во Солсбери е прекршување на меѓународниот систем на правила, врз кој зависи нашата безбедност и благосостојба. Претходно, Австралија соопшти дека протерува двајца руски дипломати осомничени дека се непријавени разузнавачи. Премиерот Малколм Тернбул го наведе мешањето во изборите и заканите врз суверенитетот на нивните партнери како причина за овој потег и рече дека бесрамниот напад во Солсбери бил напад врз сите. Вкупно 25 нации досега објавија протерување на руски дипломати.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Таск, рече дека државите на ЕУ одлучиле да преземат акција по состанокот што се одржа минатата седмица поради труењето со Солсбери. Тој не отфрли дополнителни мерки.
Американскиот Стејт департмент во соопштението оцени дека нападот врз нивниот сојузник Обединетото Кралство ставил безброј невини животи во ризик и претставува срамно прекршување на Конвенцијата за хемиско оружје и кршење на меѓународното право.
Исланд, исто така, објави дека го прекинува дијалогот на високо ниво со руските власти, а нејзините лидери нема да присуствуваат на Светскиот првенство во фудбал, кое ќе се одржува во Русија во јуни. Велика Британија исто така објави дека нема да испрати министри или членови на кралското семејство на фудбалскиот турнир. Австралискиот министер за надворешни работи Џули Бишоп ја разгледува можноста за бојкот на Светското првенство.
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон го пофали вонредниот меѓународен одговор од сојузниците на Велика Британија. Тој рече дека на светот му е преку глава од однесувањето на Русија, но ги отфрли сугестиите за нова Студена војна.

Кој не протерува Руси?

Земјите од ЕУ што рекоа дека немаат намера да ги протераат руските дипломати се Австрија, Грција и Португалија, иако сите рекоа дека ја поддржуваат Велика Британија и го осудуваат труењето.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц објасни дека, иако ја поддржува ЕУ, Австрија како неутрална земја нема да протерува дипломати, претпочитајќи да дејствува како градител на мост меѓу Истокот и Западот.

Белгија рече дека засега не протерува дипломати. Премиерот Шарл Мишел рече дека Белгија е седиште на ЕУ ​​и НАТО и како таква е домаќин на руски амбасадори за двете организации, така што поради таа причина треба внимателно да ги разгледа можните реперкусии. Премиерката на Нов Зеланд, Јосинда Ардерн, изјави дека немаат никакви непријавени руски разузнавачи, но додала: „Ако ги имаме, ќе ги протераме“.

Ова прераснува во најголема дипломатска криза меѓу Русија и Западот, по анкетирањето на Крим од страна на Москва. Без оглед на негирањето, британските сојузници јасно го прифатија ставот на Лондон – дека употребата на воени нервни агенси во обид за атентат во британски град е дело на Русија.
Колективното протерување руски дипломати од САД и 14 држави на Европската Унија претставува извонредно покажување солидарност со Велика Британија, најмногу поради тоа што доаѓа во време кога односите меѓу ЕУ и Велика Британија се затегнати поради преговорите со Брегзит.
Забелешката на Доналд Туск, претседател на Европскиот совет, дека дополнителните мерки, вклучувајќи и понатамошни протерувања, не се исклучени во наредните денови е сигнал до Москва пред да реши како ќе одговори. Ова е значајна дипломатска победа за премиерката Тереза ​​Меј, особено што заедничката акција се случи по силната реторичка поддршка од нејзините сојузници. Исто така, означува значително заострување на ставот на администрацијата на Доналд Трамп кон Москва.