Морган Фримен се извини за несоодветното однесување

САД- Славниот актер Морган Фримен (80) се извини за несоодветното однесување откако осум жени го обвинија, јавува Си-Ен-Ен.

Обвинувањата се појавија вчера кога неименувана жена и кажала на телевизијата Си-Ен-Ен дека таа била злоупотребена од актерот во 2015 година кога работела како асистент на продукција за снимањето на комедијата „Going in Style”, во која, покрај Фримен, глумат Мајкл

Кејн и Алан Аркин.

Жена тврди дека Фриман чест несоодветно ја допирал и дневно коментирал за нејзиното тело и облека. Фримен во еден момент, вели таа, се обидел да и го подигне здолништето и испитувал дали носи долна облека. Жената напоменува дека Аркин му рекол на колегата да престане до тоа.

Телевизијата Си-Ен-Ен наведува дека разговарала со 16 луѓе за однесувањето на Фриман, од кои осум тврдат дека биле негови жртви.