Мората лета во Мадрид, ќе потпише со Атлетико

Трансферот на Алваро Мората од Челзи во Атлетико Мадрид се очекува да биде финализиран во следните неколку часа. Семејството на играчот вчера пристигнало во главниот град на Шпанија.

Се очекува напаѓачот да се приклучи на тенинг процесот на „јорганџиите“ уште оваа недела.

Челзи го привлече Мората за сума од 57 милиони фунти од Реал Мадрид летото 2017 година.

Дваесет и шест-годишниот фудбалер ќе биде изнајмен во Атлетико до крајот на сезоната и договорот ќе има клаузула која ги обврзува „црвено-белите“ да ги откупат неговите права за сума од 50 милиони евра.