Монтела пред отказ во Севилја

Тренерот на Севилја, Винченцо Монтела во скоро време ќе биде отпуштен од Севиља, објавија шпанските медиуми.

Под водство на италијанскиот фудбалски стручњак, Севилја не ги исполни очекувањата на управата и навивачите, па извесно е прекинување на соработката со италијанскиот стручњак.

Монтела е во Севилја од 28 декември во 2017 година. Со него тимот загуби десет средби, на 28 натпревари, вклучително и во финалето од Купот на Шпанија.

Последниот пораз Севилја го претрпе вчера од Леванте, тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди.