МОК во соработка со ИОК: Oбука на нова генерација за напреден спортски менаџмент

Македонскиот олимписки комитет (MOK) во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), на 30 март ќе ја започне Олимписката обука за напреден спортски менаџмент (шеста генерација). Рокот за пријавување на кандидати е продолжен до 28 март, информираат од МОК.

Станува збор за многу обемна и квалитетна едукативна програма која претставува теоретско-практична платформа за унапредување на работата во рамките на Олимписките спортски организации (ОСО) во кои спаѓаат спортисти, тренери, судии, спортски клубови, НСФ-ии, спортски медиуми, Меѓународни спортски федерации, Национални олимписки комитети, ИОК, Организациони комитети на спортски настани, државни институции и други.

Надлежното тело во Македонскиот олимписки комитет, по добивањето на сите доставени апликации ќе направи селекција и ќе избере 20-25 кандидати кои ќе учествуваат на оваа обука.