Можете да ја купите Црвена звезда, ама не и Лигата на шампионите

Во големото дерби на францускиот фудбалски шампионат, ПСЖ како гостин го совлада Олимпик Марсеј со 2-0, со што ја зголеми бодовната предност на врвот од табелата. Ако веќе не можеа на терен, во елемент беа домашните навивачи, кои преку транспарент на целата трибина покажаа што мислат за богатите сопственици на ПСЖ и нивниот проект.

„Можете да ја купите Црвена звезда, ама не и жолтата ѕвезда“, порачаа домашните навивачи, алудирајќи на обвинувањата дека натпреварот во Париз меѓу „светците“ и белграѓани, кој заврши со 6-1 бил наместен да има седум голови за да се земат големи пари од обложувалниците.

Освен тоа, навивачите на Олимпик беа подготвени и за нереди, пред мечот се судрија со полицијата, па мораше да бидат смирени со солзавец.