Модриќ: Семејството ми е најголемата поддршка

Англија- Елегантен, во црн смокинг, синоќа, хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ, заедно со семејството во Лондон ја прослави титулата најдобар фудбалер во 2018 година. Модриќ претходно ја освои и титулата најдобар фудбалер на светското првенство.

Најголемите фудбалски ѕвезди беа собрани на церемонијата на доделувањето на наградите на Светската фудбалска федерација (ФИФА) . Модриќ, Килијан Мбапе и Еден Азар беа меѓу звучните фудбалски имиња што се појавија во елегантно издание на церемонијата. Отсуствуваа Меси и Роналдо на кои им ја прекина 10-годишната доминација како најдобри светски фудбалери.

Сопругата Вања беше горда на својот сопруг, а во Лондон му ја даде поддршката заедно со синот Ивано (8) и ќерката Ема (5). Ќеркичката Софија која има 8 месеци остана дома.