Мода од текстилен отпад се носи и во Скопје

Мода од текстилен отпад се носи во Скопје. Откако на 18. Моден викенд започна проектот #Sustainablestorymk, и приказната за одржлив дизајн, употреба на нулта-отпад и како од текстилен отпад се добиваат уникатни креации, промовирани и во Штип и во Скопје, во хотелот „Мериот“, на ред се

фотографиите од финалната фаза- снимени во центарот на  Скопје.

На капсулните колекции изработени од текстилен отпад работеа осум млади дизајнери под менторство на дизајнерката Ирина Тошева: Емануела Трајческа, Сара Реџиќ, Ева Зарезанкова, Натали Наумова ,Радица Лазова, Катерина Димитровска, Мирјана Јосифоска и Дана Ќосева,  и гостинките од Велика Британија односно талентираната дизајнерка Ана Скодбо која твори зад брендот „Phannatiq“ и една од водечките британски стилистки Ребека Рој.

Гостинките кои долго време работат на одржлива мода, на дизајнерите им предаваа за техниките за бавно производство, одржливи ткаенини, сертифициран органски памук, производство на нула отпад, вегански материјали и етички услови за производство .

Целиот проект го реализираше Моден викенд Скопје со несебичната поддршка од Македонско Модно Здружение, Министерството за економија на РМ, Министерството за култура на РМ , Британскиот совет како и бројните партнери.

Цели на пректот беа развој на професионални вештини, поддршка на млади креативци, нивно советување и едуцирање со цел поуспешна идна карирера, поттикнување на соработка меѓу модната и текстилната индустрија, регионална и интернационална промоција на земјата, решенија за општествените проблеми и нашиот заеднички придонес за животната средина. (Л.С.)