Могерини побара Косово да ги укине таксите од 100 отсто за Србија и БиХ

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини му рекла на претседателот на Косово Хашим Тачи дека одлуката за воведување на 100-процентни царини за стоки од Србија и Босна и Херцеговина треба да биде повлечена, се наведува во соопштението од нејзината канцеларија, лиферувано по телефонскиот разговор помеѓу Могерини и Тачи.

„Високата претставничка истакна дека одлуката на Владата на Косово да го зголеми до 100 проценти царините за стоките од Србија и Босна и Херцеговина дополнително ја усложнува ситуацијата и не води ниту кон решение на проблемите на населението, ниту кон оправдување на надежите на Косово во однос на сегашноста и иднината “, се вели во соопштението.

Оваа мерка не помага да се воспостават добрососедски односи и мора да се укине, порачала Могерини.

На 21 ноември, Косово воведе 100 отсто такси за стоки од Србија и Босна и Херцеговина. Одлуката на Приштина предизвика протести меѓу српското население во северниот дел на земјата.