ММФ го назначи за Себастијан Соса за резидентен претставник во Македонија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го назначи Себастијан Соса за резидентен претставник во Македонија.

ММФ, како што стои во соопштението, го назначи Соса, кој е резидентен претставник на ММФ во Србија, исто така, да ја врши функцијата и на резидентен претставник во Македонија. Седиштето на Соса ќе остане во Белград и ќе ги покрива двете држави.

– Ова назначување има за цел да обезбеди континуиран дијалог и проток на информации помеѓу Фондот и властите во Скопје. Исто така, ќе ја олесни и интензивната техничка помош и набљудувачките активности на ММФ во Македонија, стои во соопштението од ММФ.