Младиќ се појави во судница, ја чека пресудата

Некогашниот командант на војската на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, дојде на изрекувањето на пресудата против него во Судот за воени злосторства во Хаг. Се товари по две точки за геноцид и пет за злосторства против човештвото. Судијата Алфонс Орие веќе половина час ја чита пресудата.

„Советот утврди дека голем број босански муслимани или Хрвати се убиени или, пак, нанесени им биле тешки повреди“, рече Орие.

Судијата детално ги опишува злосторствата што ги направил Младиќ, вели дека условите во логорот биле страшни, затворениците биле претепувани, силувани, а во еден од нив бил пуштан плин.

„За да преживеат, некои од нив ја пиеле сопствена урина“, тврди Орие.