Младите ракометари загубија во полуфиналето на ЕХФ-шампионатот

Младите ракометари загубија во полуфиналето на ЕХФ-шампионатот

 Ракометната репрезентацијата на Македонија до 18 години доживеа пораз во полуфиналето на ЕХФ-шампионатот во Тбилиси против Белорусија со 30:32 (13:17). Противниците на „жолто-црвените“ клучната разлика ја направија на крајот на првото полувреме, кога поведоа со пет гола, а потоа избраниците на селекторот Данило Брестовац не успеаја да се вратат во игра за победа.
 На две минути до крајот Македонија дојде до само два гола негатива и имаше и седмерец, но голманот на Белорусија одбрани и ги сруши надежите за пресврт. Мартин Серафимов имаше неверојатна партија, откако постигна 15 погодоци, но немаше вистинска поддршка од неговите соиграчи. Белинкау во Белорусија беше најдобар за победничкиот тим со осум гола. По овој пораз, Македонија ги загуби шансите за пласман на ЕП 2020, а утре ќе игра против Швајцарија во мечот за бронзениот медал. Дуелот почнува во 14:00 часот. Во финалето ќе играат Белорусија и Италија