МИ 6: Спречен атентат на Тереза Меј
Британската тајна служба МИ 6 смета дека уапсените подготвувале атентат на Тереза Меј и планирале да постават бомба во седиштето на британскиот влада, на познатата улица Даунинг стрит 10.
Осомничените планирале бомбата да ја сокријат во кеса, која требало да ја разнесе вратата на Даунинг стрит и на тој начин атентаторите да влезат во резиденцијата на британската премиерка. Потоа планирале да ја избодат Меј со нож.
Според „Индипендент“, осомничените биле уапсени минатата недела за време на протестите во Лондон и Бирмингем и се обвинети за тероризам. Тие треба денеска да се појават пред Вестминстерскиот суд.
Планот за атентат на британската премиерка го соопшти дури вчера лично од шефот на МИ 6, Ендрју Паркер. Тој, исто така, им рекол на министрите дека неговата безбедносна служба спречила дури девет терористички напади во текот на изминатата година.