Мишел Обама ја објави насловната страница од нејзините мемоари

САД-Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, ја објави насловната страница од нејзините мемоари, чие име ќе биде „Станувајќи Мишел Обама“.

Сопругата на поранешниот американски претседател Барак Обама ја објави корицата на нејзините профили на Инстаграм и Твитер, а фотографијата со навиткана коса и со едно голо рамо е снимена од Милер Мобли.

Таа напиша дека работењето на книгата е „значајно и просветлувачко” и ги повика другите да ги раскажат своите приказни. „Станувајќи Мишел Обама“ е една од најочекуваните книги на годината, а излегува на 13 ноември. Ќе биде објавена на 24 јазици.