Мицкоски: Падот на просечната плата е резултат на неспособноста на Владата

Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев продолжува да ве лаже. После еуфоричното најавување на зголемувањето на просечната исплатена нето плата во првиот месец од 2018-тата година, демантот стигна веќе во следниот месец а тоа е вториот месец од 2018-тата година, каде што просечно исплатената нето плата доживува екстремен пад, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

“Екстремен пад кој се должи на неспособноста на владата и неуспехот на владините економски политики. Нема поголем доказ за економското цунами на владата од падот на просечната нето исплатената плата. И официјално просечната плата од 500 евра е лажно и недостижно ветување на премиерот Заев и владата.Розевата слика за која говори премиерот Заев и економските министри не постои, таа е лажна. Доказ за тоа е дијаграмскиот приказ на нето исплатена просечна плата во Република Македонија во првиот и вториот месец”,вели Мицковски.

Според Мицковски, оваа компаративна анализа кажува дека просечно нето исплатената плата во вториот месец е за 867 денари помала од таа што била исплатена во првиот месец, или е намалена за цели 3,6 проценти.

“Животот станува се потежок, а владата нема план. Ова мора да престане. И покрај катастрофалната ситуација на економијата и покрај катастрофална цунами економска политика, граѓаните на Република Македонија е треба да губат надеж. Доаѓа ново утро, доаѓа нов дух, нова енергија, доаѓа нова надеж за Република Македонија”,рече Мицковски.