Мицкоски нема да гласа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, нема да гласа на референдумот за името, соопштија од партијата во текот на гласањето. За него, според соопштението,  прашањето за референдумот е повеќезначно и манипулативно. Наспроти Мицкоски, медиумите јавија дека некои членови на ВМРО ДПМНЕ гласале уште утрово, меѓу кои пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, пратеникот и координатор на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, екс-министерот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, пратеникот од оваа партија Крсто Јовановски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев.

На прашањето до портпаролот Наум Стоилковски дали ВМРО-ДПМНЕ очекува власта да го почитува евентуален неуспешен референдум, тој вели дека законот е јасен што значи успешен референдум.

„Доколку согласно закон излезат над 900 илјади гласачи од кој повеќе од половина би гласале за договорот тоа би преставувало волјата на народот која мора да се почитува, но воедно секој резултат под овој законски минимум ќе преставува неуспех за власта и неприфакање на договорот, но воедно и обврска власта да ја почитува волјата на народот и да се повлече од договорот“, вели Стоилковски.