Мицкоски на средбата со Меј: Граѓаните во Македонија живеат сè полошо

Британската премиерка Тереза Меј, која денеска е во официјална посета на Македонија, се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Како што соопштија од партијата, Мицкоски истакнал дека државата е со влошена економска состојба, а граѓаните живеат сè потешко.

 „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека Владата демонстрира недостиг на демократски капацитет, но и нетранспарентност во однос на најчувствителното прашање, спорот со името. Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за отворени и поинтензивни односи со Велика Британија базирани на пријателство и меѓусебно разбирање“, се вели во соопштението.