Митко Чавков доби затвор од 18 години, Дурловски ослободен

Во Кривичниот суд во Скопје денеска беа објавени пресудите за 17-те преостанати, од првично 33 обвинети за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како „27 април“.
Случајот го водеше судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинитите Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов,  Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок, судот ги прогласи за виновни, за упадот во Собрание на 27 април.

Митко Чавков доби затвор од 18 години. Митко Пешов доби 15 години затвор. Душко Лазаров 15 години затвор. Горан Ѓошевски-Леви доби 15 години. Оливер Поповски доби казна затвор од 13 години.

Мунир Пепиќ 15 години, Абдулфета Алими 7 години, Младен Додевски 12 години.
Јане Ченто 15 години, Оливер Радулов 10 години, Горанчо Ангеловски 12 години, Игор Југ 12 години, Влатко Трајковски 15 години, Вилијам Михајловски 14 години, Никола Митревски Кољо 15 години, Александар Василевски Нинџа 8 години.

Игор Дурловски е ослободен од обвинение, затоа што обвнителството не успеало да ја докаже нивната вина.

Обвинителката предложи продолжување на мерката притвор за осудените Митко Чавков, Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски Влатко Трајковски, бидејќи според неа постои опасност од бегство. За преостанатите за кои е изречена затворска казна е побарано определување мерка притвор до правосилност на пресудата.