Мис Небраска избрана за Мис САД 2018

САД– Мис Небраска, 23-годишната Сара Роуз Самерс е прогласена за најубава девојка во Америка. Помеѓу 50-те кандидатки, Сара Роуз Самерс однела убедлива победа, а освен заносната убавина и совршената фигура, таа го освоила петчленото жири со својата харизма.

Изборот за мис кој се одржал во Луизијана се пренесувал во живо, каде светот имал прилика да види преубави мисици и бројни изненадувања, како и нивните прашања и одговори.

Сара одлично се снашла во секоја задача, а открила и многу детали за себе како податокот дека сака да биде педијатриска сестра.

-Огромна е моќта да им помагате на пациентите, да ги разбирате нивните дијагнози и различните процедури и да ги поддржувате низ тоа”, изјавила убавицата.

Освен љубовта кон медицината и несебичната хуманост, Сара ја исполнуваат уште некои работи, а една од нив е фитнесот.